Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Голем пожар проголта зграда во Швајцарија: Се трага по пет лица, осум се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryi92sq8118fk74biv0at
Илустрација

Во пожар што избувнал во текот на ноќта во станбено-деловна зграда во швајцарскиот град Тузис, се трага по пет лица, додека осум луѓе се повредени. Објектот, во кој имало ресторан и станбени простории, целосно изгорел, соопшти полицијата во кантонот Граубинден.

— реклама —

Пожарот бил пријавен нешто по полноќ, по што на местото биле испратени речиси 100 пожарникари. Интервенцијата била особено сложена бидејќи скалиштето во зградата се урнало, па пожарникарите морале, со помош на специјална платформа, да го пробијат покривот за да стигнат до внатрешноста на објектот.

— реклама —

И покрај тешките услови, спасувачите успеале да извлечат 14 лица од зградата.

Од осумте повредени, две лица се здобиле со тешки повреди, две со повреди со средна тежина, додека четворица поминале со полесни повреди. Сите биле пренесени во болници во Хур, Тузис, Иланц и Цирих.

— реклама —

Првичните наоди покажуваат дека пожарот избувнал на вториот кат, но точната причина сè уште не е утврдена. Случајот го истражуваат полицијата и надлежното обвинителство.

— реклама —

Тузис се наоѓа во алпскиот кантон Граубинден, во источниот дел на Швајцарија, регион познат по планинскиот туризам и зимските спортови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynpd6tdm0jibgdyErk1z

Татко и малолетен син пронајдени мртви во Ватвил, полицијата се сомнева во убиство и самоубиство

Свет | пред 1 ден

— реклама —
DSC_3607

69 отсто од Швајцарците поддржуваат забрана на огнометите

Свет | пред 2 седмици

media-libraryg6heeiv3c1euapt6CY7

Сушата ги откри тајните на Римската империја: Археолозите пронајдоа непознати градби во Швајцарија

Свет | пред 1 месец

Svajcarija

Швајцарија воведува данок од најмалку 2.000 франци за работници од ЕУ

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања