Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Голема акција во Карпош, од миење улици до собирање отпад и санирање дупки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Успешно реализирана големата пролетна работна акција во општина Карпош

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Карпош, успешно ја реализираа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Карпош. Екипите координирано неделава спроведоа голем број активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувањата на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можност за вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во големата пролетна работна акција во Карпош на терен координирано работеа екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта, Лајка и Дрисла.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираа активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации.

— реклама —

Во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на четири локации во оваа општина досега се одложени приближно 104 кубни метри кабаст отпад, коишто екипите на Претпријатието ќе ги транспортираат во текот на претстојниот викенд.

Eкипите на ЈП Улици и патишта реализираа градежни активности на санација на ударни дупки и поголеми оштетувања во асфалтот на мостовите Обединети нации и 8.Септември, булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов, Партизански одреди, Илинден, како и на улица Лондонска. Истовремено, екипите ги санираа и прередија оштетените бехатон плочи на тротоарите, а извршена е и реконструкција на канализациони шахти. Екипите извршија контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов, булеварот Илинден и улицата Лондонска, а обновена беше и хоризонталната сигнализација каде што беше потребно. Во текот на акцијата извршена е и дополнителна контрола на светлосната сигнализација на горенаведените улици. На крстосницата на булеварот Партизански одреди со улица Московска се постави звучни сигнализација за лица со нарушен вид.

— реклама —

Екипите на ЈП Паркови и зеленило реализираа активности за средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. Со пролетната акција во оваа општина беа опфатени булеварот Илинден, улицата Никола Парапунов, булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологано, како и улицата Јури Гагарин. На овие локации се средуваше зеленилото, се косеа тревни површини и диво израсната вегетација, се кастреа грмушки, а се собираа лисја, хартија и отпадоци.

Во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, заловувачките екипи на ЈП Лајка, оваа недела постапуваа во општина Карпош, согласно со планот и програмата за постапување на терен таргетирани беа критични точки и најфревентните локации како пешачки зони, училишта, градинки,паркови итн. Сите заловени кучиња се згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде што ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување, оние што нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација.

— реклама —

Екипите на ЈП Водовод и канализација работеа на улиците Московска, Франклин Рузвелт и Козле, како и на булеварите 8. Септември и Партизански одреди. На терен се извврши површинско и рачно чистење на сливниците, рачно чистење на шахтите (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти.

Пролетната акција во општина Карпош почна во понеделникот, 28-ми март, и заврши денеска, а теренските екипи на јавните претпријатија од понеделник продолжуваат со работа согласно утврдениот распоред, во општина Аеродром, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода и општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Делови од Центар и Карпош утре без струја

Скопје | пред 1 ден

media-library5lrq32gsmmhfd1ZHrNN

Комунална хигиена: Граѓаните и понатаму бесплатно ќе можат да одлагаат кабаст отпад

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym3juphbte2pl2nUsBA6

(Видео) Од дива депонија ќе изградиме мега-парк од 72.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 седмица

media-librarylug7o2qn01t3ayK7VS9

(Фото) „Се плашев да не падне“: снимени деца качени на конструкцијата од новиот мостот во Карпош

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања