Промени тема
Контакт

Големо ажурирање на есенцијалните лекови: Нови терапии за онкологија, ХИВ, хепатити, кардиологија и неврологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryg368h3odta16079fbCM

По повеќе од една деценија, Македонија доби ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови. Во неа се додадени 193 лекови и активни супстанции, додека 12 од претходната листа се избришани, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.

Новините денеска беа презентирани на прес-конференција на која, покрај Клековски, учествуваа и шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Аким Али, и деканот на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Зоран Стерјев.

— реклама —

„По повеќе од една деценија, нашата држава има ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови, базирана на современи стручни и јавно-здравствени принципи“, рече Клековски.

Стручната ревизија била спроведена во рамките на Националната платформа за лекови, со поддршка од СЗО и со учество на релевантни национални институции и засегнати страни. По усогласувањето со Секретаријатот за законодавство, листата е објавена во „Службен весник“.

Според Клековски, ажурирањето треба да овозможи следење на современите достигнувања и препораки во фармакотерапијата, поголем фокус на лековите од приоритетно јавно-здравствено значење, поддршка на клиничкото одлучување и стандардизираното лекување, како и подобро планирање и управување со лековите.

— реклама —

За првпат на Листата на есенцијални лекови се вклучени и лекови за контрацепција, како и лекови за никотинска заместителна терапија.

„Со тоа дополнително се зајакнува улогата на превенцијата во здравствениот систем, а воедно испраќаме јасна порака дека здравствената политика треба не само да лекува болест, туку и активно да го штити и унапредува здравјето на населението“, посочи министерот.

— реклама —

Новата листа е систематизирана во 28 терапевтски области и содржи подетално дефинирани подгрупи, фармацевтски дозирани форми, јачини и начини на употреба.

Вклучени се современи терапевтски опции за повеќе области, меѓу кои заразни заболувања, ХИВ, вирусни хепатити, онкологија, неврологија, кардиологија, како и репродуктивно и перинатално здравје.

Паралелно со проширувањето била направена и рационализација на листата од 2015 година. Отстранети се лекови кои повеќе не се определени како приоритетни во новиот терапевтски концепт, а кај дел од лековите е променета активната супстанција или формулацијата или е предвидена соодветна терапевтска алтернатива.

— реклама —

„Според извршената споредба, идентификувани се 12 избришани и 193 новододадени лекови/активни супстанции“, рече Клековски.

Министерот нагласи и дека Листата на есенцијални лекови не треба да се поистоветува со Позитивната листа на лекови, оценувајќи дека нејзиното ажурирање е чекор кон посовремен, поправичен и поодржлив здравствен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0d26hluuisg90UV0d9S

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно, се преиспитува скрининг-програмата

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

Македонија | пред 2 дена

media-librarycvbh21e0trsp9kRAdBG

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

Македонија | пред 5 дена

media-librarycvbh21e0trsp9kRAdBG

Клековски: Со дигиталното здравство пациентот ќе ги има своите податоци на едно место и ќе одлучува кој има пристап

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања