Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Горан Стојковски-Диро, независен кандидат за градоначалник на Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
kumanovo-gradonacalnik

Куманово го доби својот прв независен кандидат за градоначалник – Горан Стојковски-Диро, кој синоќа ја објави својата кандидатура и ја претстави советничката листа на граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“. Настанот се одржа пред градскиот часовник, кој, според него, „дваесет години стои како симбол на застојот и хаосот во кој живее градот“.

— реклама —

Стојковски е правник и моментално работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово. Претходно, два мандата го водеше ЈП „Водовод“, каде дојде од приватниот сектор. Тој вели дека излегувањето на избори не е само одговор на неуспехот на политичките партии, туку и обид да се понуди нов модел на управување.

— реклама —

„Овде сме за да поставиме нови стандарди и критериуми. Ќе се потпреме на највредниот ресурс – луѓето. Во нашиот тим има компетентни и професионални лица кои знаат и сакаат да работат за граѓаните“, порача Стојковски.

— реклама —

Стојковски е трет официјално објавен кандидат за градоначалник на Куманово, по Максим Димитриевски од ЗНАМ и Мартин Костовски од СДСМ, но прв кој настапува како независен. Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5m158u8af9ph2HtR04D

Деца од Куманово се затруле со земјоделска течност, интно пренесени на клиника

Македонија | пред 4 дена

media-libraryl50dgrosuqlg4vjb85B

Докторот што констатирал природна смрт кај жртва на серискиот убиец повикан на распит

Македонија | пред 1 седмица

media-library2pkioh35m7jn3aqVYuQ

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfcbo9161blm9cNMmFC7

Трајко ја убил Марија од Куманово покажа истрагата откако телото беше откопано, ќе се ексхумира телото на уште една жена

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања