Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Крадци среде бел ден ја испразнија златарница во Куманово додека газдата бил на молитва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Македонија
media-library8p6td2oa71559w0ONNF

Златарница на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово била ограбена денеска околу пладне. Во Секторот за внатрешни работи Куманово случајот бил пријавен во 12:32 часот, а според пријавата, неколку лица влегле во објектот и одзеле злато. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

— реклама —

Грабежот го осуди Агрон Фазлији, претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија. Тој посочи дека ограбената златарница, во сопственост на мајсторот Абдулрахим, работи веќе 30 години и дека ваквиот настан претставува тежок удар за семејството кое со чесна работа го градело својот бизнис.

— реклама —
— реклама —

Фазлији побара од полицијата и обвинителството итно да го расветлат случајот и да ги пронајдат одговорните, но и да преземат конкретни мерки за поголема безбедност на занаетчиите и стопанствениците.

— реклама —

„Секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место“, порача Фазлији, изразувајќи солидарност со семејството на ограбениот златар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryhult5abfiqis1V4Yh96

Ѓубрето од Куманово привремено ќе се депонира во Дрисла, продолжува санацијата на депонијата Краста

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryoh7u1g9haovq3G6lz1o

Депонијата „Краста“ под засилен надзор, ќе се формира еко-патрола од локалното население

Македонија | пред 1 месец

media-library2lmcubmvp3g45sYWzM1

(Видео) Со „говеда, џукери, глупи, ќе те умрам“, претседателката на кумановскиот суд се обраќала кон вработени, обвини УПОЗ - 75 од 90 вработени бараат разрешување

Македонија | пред 2 месеци

media-library9nsg8rcjtmua2fQIR6s

Во Куманово нема да се затвора ниту едно училиште: Јовановиќ со информација за новата учебна година

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања