Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ново видео од грабежот во Куманово: Крадци ја испразнија златарницата додека сопственикот бил на молитва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library8p6td2oa71559w0ONNF

Ново видео го прикажува грабежот во златарницата на улицата „11 Октомври“ во Куманово, каде што неколку лица насилно влегле во објектот и одзеле разновиден златен накит.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 27 ноември во 12:32 часот. Златарницата е во сопственост на 55-годишен жител на Липково, а сторителите со употреба на сила и погоден предмет ја отвориле вратата и влегле во објектот. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање и расчистување на случајот.

— реклама —

Грабежот го осуди и Агрон Фазлији, претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија. Тој посочи дека златарницата, во сопственост на мајсторот Абдулрахим, работи 30 години и дека ваквиот настан претставува тежок удар за семејството кое со долгогодишна чесна работа го градело својот бизнис.

Фазлији побара од полицијата и обвинителството итно да го расветлат случајот и да ги пронајдат одговорните, но и да преземат конкретни мерки за поголема безбедност на занаетчиите и стопанствениците.

— реклама —

„Секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место“, порача Фазлији, изразувајќи солидарност со семејството на ограбениот златар.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8p6td2oa71559w0ONNF

(Видео) Крадци среде бел ден ја испразнија златарница во Куманово додека газдата бил на молитва

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryhult5abfiqis1V4Yh96

Ѓубрето од Куманово привремено ќе се депонира во Дрисла, продолжува санацијата на депонијата Краста

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoh7u1g9haovq3G6lz1o

Депонијата „Краста“ под засилен надзор, ќе се формира еко-патрола од локалното население

Македонија | пред 1 месец

media-library2lmcubmvp3g45sYWzM1

(Видео) Со „говеда, џукери, глупи, ќе те умрам“, претседателката на кумановскиот суд се обраќала кон вработени, обвини УПОЗ - 75 од 90 вработени бараат разрешување

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања