Промени тема
Контакт

Гордана Сиљановска-Давкова: Ромската заедница заслужува повеќе од декларативни права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2lc5783s4rig05MHgus

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, нагласувајќи дека Ромите се неразделен дел од македонското општество и држава.

Во пораката, таа истакнува дека слободата, гордоста и заедништвото се суштински вредности на ромскиот идентитет, но предупредува дека реалната состојба на ромската заедница значително отстапува од формално загарантираните права.

— реклама —

„Нашата држава формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, но реалниот ромски живот е далеку од тие гаранции“, посочува претседателката.

Сиљановска-Давкова нагласува дека 8 Април треба да биде ден за сериозно преиспитување на квалитетот на животот на Ромите во сите сфери, апелирајќи дека не е доволно само симболично да се повикува на Шуто Оризари, туку дека е неопходно да се обезбеди достоинствен живот за ромската заедница насекаде.

Во честитката се потенцира дека Ромите се најранлива и најмаргинализирана категорија граѓани, која заслужува зголемено внимание, конкретни политики и реална заштита од институциите.

— реклама —

Претседателката упати желби за здравје, радост и среќа до сите припадници на ромската заедница, со порака за заедничка одговорност во унапредување на нивната положба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryi578dcc7dc8fbrSJbFT

Ромските протести продолжуваат: Блокиран Плетвар, протест и пред полициската станица во Битола

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryttqv910s75ljfr6UhfK

Пукање, тензии и полициска опсада на Ново Место по убиството на Алеш Шутар

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.38.20

Ангелов по реакцијата на Шукова: „Значи сака Ромите да продолжат да живеат во депонија и да палат отпад“

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања