Промени тема
Контакт

Ромските протести продолжуваат: Блокиран Плетвар, протест и пред полициската станица во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryi578dcc7dc8fbrSJbFT

Протестите на припадниците на ромската заедница продолжија и денеска, при што беше предизвикан застој во сообраќајот на планинскиот превој Плетвар, откако демонстрантите го блокираа патот.

— реклама —

Покрај блокадата кај Плетвар, протестен собир се одржа и пред полициската станица во Битола, каде учесниците јавно ги изнесоа своите барања и незадоволство.

— реклама —

Засега нема информации за интервенција од полицијата, а сообраќајот на Плетвар беше отежнат во периодот на блокадата.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал решителна и силна реакција од полицијата за сите кои го прекршиле законот, упатувале јавни закани и го загрозиле мирот и безбедноста на граѓаните за време на вчерашните протести поврзани со одземањето на возилата на лица кои управувале без возачка дозвола.

— реклама —

„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи“, рече Мицкоски.

Од АМСМ информираат дека од 11:30ч. започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп – Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 2 седмици

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања