Промени тема
Контакт

Пукање, тензии и полициска опсада на Ново Место по убиството на Алеш Шутар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryttqv910s75ljfr6UhfK
Веб-страница на словенечката полиција

Ново Место повторно е во центарот на вниманието, откако гневот и тензиите не стивнуваат по убиството на познатиот угостител Алеш Шутар, кој од група роми беше претепан до смрт.

— реклама —

Словенечката полиција добила повеќе пријави синоќа околу 20:30 часот дека во делот на ромската населба Брезје – Жабјак се слушнале неколку поединечни и рафални истрели.

На местото веднаш биле испратени полициски екипи, како и припадници на специјалната единица. Полициската управа од Ново Место соопшти дека според првичните информации нема повредени лица, но истрагата е во тек и засилените контроли продолжуваат.

— реклама —

Директорот на полицијата во Ново Место, Игор Јурич, за емисијата „24 часа“ изјави дека паралелно било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир во ромската населба во Шмихел. Припадниците на специјалната единица излегле на терен и утврдиле дека нема сериозен инцидент, туку дека неколку канти за ѓубре биле поставени преку патот.

— реклама —

Пред неколку дена полицијата уапси 20-годишен осомничен за убиството, припадник на ромската заедница, а според словенечките медиуми, потрагата по останатите учесници продолжува.

По овој трагичен настан, премиерот на Словенија, Роберт Голоб, свика итен кризен состанок. По состанокот, министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднесоа оставки, кои Голоб веднаш ги прифати.

Советот за национална безбедност донесе одлука за засилено присуство на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили од други делови на земјата и активирање на специјални единици доколку ситуацијата ескалира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 3 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања