Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Горивата поскапуваат, Мицкоски ја демантира сопствената изјава, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека ја доведува јавноста во заблуда околу економската состојба, откако цените на горивата повторно се зголемија, спротивно на претходните тврдења дека „нема поскапувања“.

— реклама —

Од партијата велат дека граѓаните веќе ја чувствуваат реалноста преку зголемените трошоци за живот, посочувајќи дека растат цените на храната, ѓубривата и основните услуги, додека, како што наведуваат, Владата не презема конкретни мерки.

— реклама —

СДСМ тврди дека економските показатели се влошуваат, наведувајќи пад на странските инвестиции, зголемување на јавниот долг за околу 700 милиони евра во првите три месеци од годината и притисоци врз пазарот на трудот со отпуштања во индустријата.

Партијата ја критикува Владата и за, како што велат, одбивањето да се намали ДДВ на храната и горивата, да се зголеми минималната плата и да се воведат мерки за заштита на животниот стандард.

— реклама —

Во реакцијата се поставува и прашањето дали станува збор за неспособност или за свесно дозволување на растот на цените.

— реклама —

СДСМ бара итни мерки, меѓу кои замрзнување на цените на основните прехранбени производи, намалување на ДДВ и акцизите за горивата, како и директна финансиска поддршка за ранливите категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања