Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Гостивар утре треба да добие технички исправна вода“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryb0c4t56so4s8eEKWZMR

Жителите на Гостивар се очекува уште утре да добијат технички исправна вода за користење, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, оценувајќи дека состојбата се санира во рекорден рок од една недела.

— реклама —

Тој посочи дека, иако водоводната мрежа е во надлежност на локалната самоуправа, Владата веднаш се вклучила во справувањето со кризата преку обезбедување донации со флаширана вода и ангажирање стручни екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за спроведување хиперхлорирање на водоводната мрежа.

— реклама —

„Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. Очекувам уште утре да биде соопштено дека водата е технички исправна за користење. Ова се санираше во рекорден рок од една недела. Владата испорачува резултати и ќе продолжи така да работи“, изјави Мицкоски.

Во однос на критиките од опозицијата, премиерот оцени дека наместо конструктивен пристап, се пласираат, како што рече, неосновани обвинувања и се создава непотребна паника кај граѓаните.

— реклама —

Тој нагласи дека целосната одговорност за случајот ја испитува Јавното обвинителство, кое треба да утврди дали и каде има пропусти.

— реклама —

„Водоводот не е во наша ингеренција, но Владата веднаш обезбеди вода за пиење преку донации. Одговорноста за тоа што се случи во Гостивар ќе ја утврди Јавното обвинителство“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања