Промени тема
Контакт

Град Скопје го одбележа Денот на пожарникарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
IMG_4044

Град Скопје во Територијалната противпожарна бригада, денеска го одбележа 20 Мај - Денот на пожарникарите. Свеченоста почна со постројување на пожарникарите, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат секој ден, несебично вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните.

— реклама —
— реклама —

Припадниците на нашата Територијална противпожарна бригада секогаш се подготвени брзо да дејствуваат за да ја заштитат нашата безбедност и сигурност, изложувајќи се на опасни и тешки задачи во кои животите на другите ги ставаат пред својот. Работата и континуираното докажување ги прави врвни професионалци со кои сите се гордееме.

— реклама —

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната свеченост им додели плакети за особен придонес во реализирање на активности на БППЗ Скопје на Соколовски Марјанчо, Трајчевски Пепи и Здравковски Златко. На свечената церемонија, се обрати и командантот на БППЗ на Скопје Звонко Томевски, зборувајќи за секојдневните предизвици и напори кои ги вложуваат пожарникарите во заштитата и безбедноста на животите на граѓаните и на приватниот и јавниот имот и материјалните добра. Особено ја истакна соработката и разбирањето на Град Скопје за состојбите и упати голема благодарност за напорите што се вложуваат во однос на унапредувањето на работните и материјалните стандарди на пожарникарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qnene5bqcr1aHO6zMK

(Фото) Камени мост затворен за пешаци: По години во мрак, се санира осветлувањето

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања