Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Град Скопје: По 21 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
jsp

,,За Седницата на Совет на 16 јули 2024 година, по 21 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.

— реклама —

Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои како власт и мнозинство во Град Скопје, зависи дали ќе има нови наместо дотрајани еко автобуси и подобар превоз.

— реклама —

Со цел советниците од ВМРО ДПМНЕ да немаат оправдание за неносење на одлуката за нови еколошки автобуси, Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска континуирано им предлага да го контролираат целосно процесот односно и банката која ќе го финансира проектот, како и условите за набавка на еко автобуси да ги изберат самите советници во рамки на Советот, бидејќи оваа одлука единствено тие можат да ја донесат.

— реклама —

Како очигледна демонстрација на сила и самоволие, спротивно на деловникот и статутот Претседателот на Совет Трајко Славески ниту на седница на Советот закажан за 19.06.2024 година не ја стави точката за нови автобуси на дневен ред за гласање. Иако поради недостаток на автобуси и дефекти скопјани чекаат на автобуските станици, за нови автобуси ВМРО ДПМНЕ не гласа иако ги имаат ветено пред граѓаните на локалните избори во 2021.

— реклама —

Во претходниот мандат 2017-2021 година советниците на ВМРО ДПМНЕ гласале за набавка на еколошки автобуси на предлог на СДСМ, во истата форма како и сега и без никакви забелешки, бидејќи тогаш сметале дека треба да поддржат нови автобуси во интерес на граѓаните.

За потсетување претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите еко автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но до сега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која континуирано изјавува дека лично ја поддржува.

Досега според програмата требаше да се набавуваат секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и да се испорачаат до крај на мандатот 250 автобуси.”, велат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 1 месец

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 1 месец

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања