Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Град Скопје предупредува: Голем даночен долг по основ на имот, промет, наследство и комунални такси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Скопје
media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Град Скопје упати соопштение до граѓаните и до бизнис заедницата во врска со неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина.

— реклама —

Во соопштението се потсетува дека даноците на имот и комуналните такси се основни извори на приходи за Градот Скопје и дека средствата од овие приходи се наменети за финансирање на основните функции на градот, изведба на инфраструктурни проекти, ко-финансирање на услугите на комуналните претпријатија и јавните установи, како и за трошоците на средните училишта на територијата на градот.

Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, во периодот од 2020 до 2025 година граѓаните и компаниите должат над 36 милиони евра по основ на даноци и такси кон Град Скопје.

— реклама —

Градот ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, во најкраток рок да ги подмират своите обврски.

Увид во долгот, преземање на даночни и таксени решенија, како и електронско плаќање може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

За прашања поврзани со данок на имот, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 072/204-434 и 02/3207-546 или на е-пошта [email protected] и [email protected].

За данок на промет, наследство и подарок контакт броеви се 02/3297-298 и 02/3297-296, а електронскиот контакт е [email protected].

За комунална такса-фирмарина, на располагање е бројот 02/3297-314 и е-поштата [email protected].

За даночно сметководство граѓаните можат да се јават на 02/3297-298 и 02/3297-296 или да пишат на [email protected].

Даночниот долг може да се плати и на Даночните шалтери на Град Скопје, кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_2097

Град Скопје до Мицкоски откако им најавија проверки: Политички прогон сакаш да правиш, несреќо

Скопје | пред 1 месец

media-librarysqg4je8nqmq0dfYVUMc

Димитровски: Нема да бидам нем набљудувач, Скопје ќе го направам од град во хаос до град со брз и современ градски превоз

Скопје | пред 2 месеци

mecinovic-51346

Што планира Мециновиќ со Скопје: мора да се ослободи од политичките притисоци

Скопје | пред 3 месеци

woman-using-smartphone-technology

Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања