Промени тема
Контакт

Градоначалникот Пецаков оствари средба со македонската претставничка на Летните Олимписки игри Анастасија Мојсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
IMG_4933

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со охриѓанката Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво.

Градоначалникот изрази големо задоволство што Охрид е горд на уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот. Тој упати честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во нејзината спортска кариера во иднина. Градоначалникот истакна дека Општина Охрид во континуитет дава поддршка на спортот и особено е посветена на поддршка на талентирани спортисти кои остваруваат големи успеси.

— реклама —
— реклама —

Младата 22-годишна Анастасија Мојсовска ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени – 60 истрели. Според програмата на Олимписките игри, македонската олимпијка ќе го има својот настап на 28 јули 2024 година.

— реклама —

Мојсовска е член на Стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје и е повеќекратен Државен првак и рекордер на Македонија со високи резултати на меѓународните натпревари. На последниот Светски куп во Минхен, Германија, таа постави државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој беше конкурентен за влез во финале на Летните Олимписки игри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1evbnggspa6vfrrGpeX

Пецаков: Почнува четвртото издание на Ohrid Water Festival

Охрид | пред 2 седмици

media-librarycojqqflte3qn8xsSKx9

(Видео) Охрид инкасира околу 700.000 евра годишно од охридските плажи, тврди Пецаков кој објасни како се закупени

Настани | пред 2 седмици

media-library084bueotmcojbwk9OE7

(Видео) Охрид ќе добие катна гаража, Пецаков најави завршување до следното лето

Настани | пред 2 седмици

media-librarydfck1ctvfm2tenFJLYr

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот Регион

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања