Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до своите сограѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.
Во честитката Пецаков посочува дека празникот е потсетник на историската одлука, храброста и визијата на генерациите што го трасирале патот кон слободна, суверена и самостојна држава.
„Овој голем празник го носи во себе заветот на нашите претходници, но и одговорноста што сите ние ја имаме кон идните поколенија“, наведува Пецаков.
Тој додава дека независноста не е само историски чин, туку и секојдневна обврска за создавање подобро утре.
„Затоа продолжуваме посветено да работиме на создавање подобри услови за живот на сите нас, поддршка за младите, унапредување на образованието, културата и развој на сите области и потенцијали што ги поседуваат градот и државата“, стои во честитката.
Пецаков порача дека само преку единство, заемна почит, верба во сопствените сили и јасна визија може да се изгради стабилна и просперитетна заедница.
„Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на нашава татковина“, порача охридскиот градоначалник.