Промени тема
Контакт

(Видео) Охрид инкасира околу 700.000 евра годишно од охридските плажи, тврди Пецаков кој објасни како се закупени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-librarycojqqflte3qn8xsSKx9

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, изјави градоначалникот Кирил Пецаков во „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“.

Пецаков нагласи дека не станува збор за класични концесии, туку за закуп на простор за поставување урбана опрема. Според него, ваквиот начин на управување со плажите создава приход што повторно се вложува во градот.

„Не е класична концесија, туку секој плаќа за користење на плажата. Општина Охрид, заедно со обврските што ги имаат кон ЈП ‘Охридски комуналец’, на годишно ниво има приближно 700.000 евра приход“, рече Пецаков.

— реклама —

Тој тврди дека приходите од плажите помогнале и во раздолжувањето на Општината.

— реклама —

„Тоа ми помогна во раздолжувањето на Охрид. Јас сето тоа свесно го направив и јасно ми беше што треба да постигнеме“, изјави градоначалникот.

Пецаков рече дека е особено горд на организираното уредување на плажите, откако тие претходно биле затворени. Тој додаде дека Општина Охрид сега е раздолжена и работи со позитивна сметка, а капиталните вложувања во последните две години, според податоците што ги изнесе, изнесуваат приближно 16 милиони евра.

— реклама —
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1evbnggspa6vfrrGpeX

Пецаков: Почнува четвртото издание на Ohrid Water Festival

Охрид | пред 2 седмици

media-library084bueotmcojbwk9OE7

(Видео) Охрид ќе добие катна гаража, Пецаков најави завршување до следното лето

Настани | пред 2 седмици

media-librarydfck1ctvfm2tenFJLYr

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот Регион

Охрид | пред 1 месец

media-librarysj096kv96968ca4diJ0

Охрид со модерна пумпна станица: над 20% заштеда на електрична енергија

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања