Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Охрид ќе добие катна гаража, Пецаков најави завршување до следното лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Настани
media-library084bueotmcojbwk9OE7

Охрид треба да ја добие долгонајавуваната катна гаража следното лето, најави градоначалникот Кирил Пецаков во емисијата „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“.

— реклама —

Прашањето за недостигот од места за паркирање беше отворено откако гостите во емисијата посочија дека долго барале каде да ги остават возилата. Пецаков рече дека во најфреквентниот дел од летото капацитетите во градот се речиси целосно исполнети, а бројот на луѓе во Охрид повеќекратно се зголемува.

„Нормално е да има недостиг од места за паркирање. Имаме период, особено од 20 јули до 15 август, кога капацитетите се речиси исполнети и Охрид, од град со педесетина илјади жители, заедно со посетителите од соседните градови, во една вечер станува град со повеќе од 150.000 луѓе“, рече Пецаков.

— реклама —

Тој најави дека катната гаража ќе се гради во централното градско подрачје и дека проектот, за кој со години се разговарало, треба да биде завршен до следното лето.

— реклама —

„Тука ќе биде катната гаража во Охрид, проект за кој со години се разговараше и кој беше високо меѓу потребите што ги имаат охриѓани. Конечно, светлото на крајот од тунелот ќе се види наредното лето и затоа сум особено горд на тој проект“, изјави Пецаков.

Зборувајќи за финансиската состојба на Општината, тој рече дека на почетокот од мандатот бил затекнат долг од 14,5 милиони евра, додека сега Општината, според него, е раздолжена и има позитивна сметка.

— реклама —

Пецаков додаде дека во последните две години биле реализирани капитални вложувања од приближно 16 милиони евра, од кои девет милиони биле обезбедени од државата, а шест милиони директно од Општина Охрид. Тој најави и десет нови капитални проекти што веќе се во постапка за набавка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycojqqflte3qn8xsSKx9

(Видео) Охрид инкасира околу 700.000 евра годишно од охридските плажи, тврди Пецаков кој објасни како се закупени

Настани | пред 2 часа

media-librarydfck1ctvfm2tenFJLYr

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот Регион

Охрид | пред 2 седмици

media-librarysj096kv96968ca4diJ0

Охрид со модерна пумпна станица: над 20% заштеда на електрична енергија

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya1js5s5r50mo0W1vsJE

Пецаков во официјална посета на Стар Град Белград, најавена продлабочена соработка

Охрид | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања