Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Граѓаните излегуваат на протести во Струмица поради загадениот воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarya6mrtnrvguj12EpGeOO

Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ најави протест против аерозагадувањето, кој ќе се одржи на 24 јануари 2026 година, со почеток во 12 часот, на раскрсницата пред Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Организаторите повикуваат на масовно излегување на улица, оценувајќи дека состојбата со квалитетот на воздухот, особено во јужниот дел на градот, е алармантна и директно го загрозува здравјето на граѓаните.

— реклама —

Во јавниот повик, иницијативата наведува дека и покрај честите промени на власти и функционери, проблемот со загадениот воздух останува нерешен со години. Според нив, ветувањата за чист воздух, стратегии и акциски планови останале само на хартија, додека граѓаните секојдневно се изложени на штетни концентрации на ПМ честички.

— реклама —

„Здрава котлина“ предупредува дека според актуелните мерења, изложеноста на ПМ честичките во одредени делови од градот е еквивалентна на пушење околу седум цигари дневно. Од иницијативата посочуваат дека ова не е индивидуален проблем, туку сериозна закана за јавното здравје, која подеднакво ги погодува децата, бебињата, бремените жени, старите лица и луѓето со хронични, срцеви и респираторни заболувања.

— реклама —

Организаторите потенцираат дека аерозагадувањето не е сезонски проблем поврзан само со зимскиот период, туку трае во текот на целата година и, како што наведуваат, е последица на дозволена и толерирана практика, институционална негрижа и недоволна контрола на загадувачите. Според нив, инспекциските надзори најчесто постојат само формално, додека реалните загадувачи остануваат неказнети.

„Ова не е прашање на политика, туку прашање на право на живот“, наведуваат од „Здрава котлина“, додавајќи дека протестот има за цел да испрати јасна порака до институциите дека граѓаните повеќе нема да молчат.

На протестот се повикуваат да учествуваат сите категории граѓани – родители, млади, пензионери, работници и студенти – со цел заеднички и јавно да се побара крај на аерозагадувањето, санкционирање на загадувачите и вистинска институционална одговорност.

Иницијативата порачува дека масовното присуство е неопходно за да се изврши притисок врз надлежните и да се стави крај на, како што ја нарекуваат, „воздушната апокалипса“, нагласувајќи дека станува збор за борба за здравјето, иднината и животот на сегашните и идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library24r7g4uq1t3baRhBvZC

Тешка спасувачка акција во Струмица: шест пожарникари спасија повредена девојка

Македонија | пред 9 часа

media-library4qnle6opj8409zutyob

(Фото) Пожар меѓу Вељуса и Ангелци, спречено поголемо ширење

Македонија | пред 3 седмици

media-library1d5r8ntf3534dEroSBf

(Видео) Уапсени четири лица: осомничени за запаленото возило во Струмица чиј газда е вработен во МВР

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrpdcioavso43eOnJf5F

(Видео) Детали за опожарениот автомобил на поранешен полициски инспектор во Струмица: повредени нема

Настани | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања