Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Граѓаните конечно ќе имаат каде достоинствено да ги закопаат своите миленици, Македонија ќе добие кафилерија и гробишта за миленици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
kucinja

Македонија конечно се приближува до системско решавање на долгогодишниот проблем со угинатите животни и починатите домашни миленици. До средината на 2026 година треба да бидат дефинирани локациите и инфраструктурата за изградба на кафилерија и гробишта за миленици, по што ќе започне и нивната практична реализација.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, за МИА вели дека процесот е во интензивна фаза и дека станува збор за инфраструктура која одамна недостасува во земјава, а воедно претставува и услов во рамките на европските интеграции.

— реклама —

Според него, со години наназад сопствениците на починати миленици биле приморани да ги оставаат телата на истите депонии каде што завршува и комуналниот отпад, што е недозволиво од здравствен и еколошки аспект. Новите гробишта, како и кафилеријата, ќе се градат надвор од урбаните средини, на ненаселени локации.

Паралелно, се разгледува и модел според кој секоја општина би имала сопствено прифатилиште за бездомни кучиња, а каде што е возможно – и гробишта за миленици. Ова ќе биде една од темите на состанокот што АХВ ќе го одржи со министерот за локална самоуправа и со ЗЕЛС.

— реклама —

Во однос на кафилеријата, Миланов потсетува дека идејата постои уште од 2019 година, но реализацијата била блокирана поради недостиг од соодветна локација и отпор од локалното население.

– Првично се разгледуваа Лозово и Росоман, но советниците не дозволија поради недоволна информираност. Се мислеше дека ќе има горење со миризба, како во фабрика, а всушност станува збор за целосно херметички затворен систем – објаснува Миланов.

Сега, додава тој, се оди кон јавно-приватно партнерство, а се анализира и европски модел со мобилна кафилерија, која овозможува преземање на трупот и негово уништување на точно утврдена локација.

— реклама —

– Очекувам по празниците да седнеме со министрите и со советниците на премиерот и да го заокружиме моделот. Јас би сакал работите да почнат уште ова лето, барем со поставување темели – вели директорот на АХВ.

Проблемот со бездомните кучиња, пак, останува еден од најгорливите. Според проценките, низ земјава талкаат повеќе од 8.000 кучиња без сопственик.

— реклама —

Во таа насока, веќе е подготвен нов закон за здравствена заштита на животните, кој опфаќа и конкретни мерки за справување со ова прашање. Текстот е усогласен по повеќе состаноци со 11 невладини организации, меѓу кои и Анима мунди и Лајка.

Законот предвидува казни за неодговорно сопствеништво, за шетање кучиња без поводник на јавни места, како и построги правила за големите и потенцијално опасни раси. Во процесот ќе бидат вклучени и ловечките друштва, а планирани се и јавни трибини со граѓаните и инспекторите од подрачните единици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ovci

Над 3.400 стада ќе добијат заштита од сипаници, вакцините се донација од ЕУ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

Нови проверки во тетовската млекарница по враќањето на пратките од Косово – се чекаат резултатите од две лаборатории

Македонија | пред 3 дена

ovci

Почна дистрибуцијата на 400.000 вакцини против сипаници кај овците и козите

Македонија | пред 5 дена

media-libraryu635o6i85s9qeYlrkBC

Ветеринарите излегоа на протест: Бараат повеќе пари, редовни исплати и повисоки цени на услугите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања