Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Граѓаните може да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија: Ќе функционира до 19.00 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryan6jlt130379aKcgNq4

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

— реклама —

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

— реклама —

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

— реклама —

Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 6 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања