Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Груби и Бајрами се поздравија пред судењето за „Лотарија“, па вицепремиерот ги поздрави новинарите: ексдиректорот првпат на обвинителна клупа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryon88ogreg7apdg56aPF

Поранешниот генерален директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, денеска првпат седна на обвинителната клупа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и другите обвинети. Бајрами претходно беше недостапен за органите на прогонот и по него беше распишана меѓународна потерница, а на 9 септември сам се пријави на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот „Скопје“.

Пред почетокот на денешното рочиште, Бајрами и Груби се поздравија во судницата. Груби, пак, при влегувањето им се обрати и на присутните новинари со прашањето: „Како сте?“.

— реклама —

Бајрами не присуствуваше на првото рочиште во предметот бидејќи во тој момент сè уште беше недостапен за органите на прогонот. По неговото предавање, тој денеска за првпат лично се појавува пред судот како првообвинет во предметот.

Покрај него и Груби, обвинети се Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

— реклама —

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Според обвинението, предметот се однесува на дејства во текот на 2023 и 2024 година со кои обвинетите, како што тврди Обвинителството, ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

— реклама —

Груби е обвинет во предметот поради неговото постапување како тогашен прв вицепремиер и претседавач со владина седница на која била разгледувана точка поврзана со предметот. Обвинителите го гонат бидејќи претседавал со владината седница каде што се носела спорната одлука, но не ги гонат тие што гласале за неа.

На првото рочиште обвинетите што беа присутни се изјаснија дека не се виновни. Башким Авдиу, пак, рече дека не го разбира обвинението и побара тоа да му биде доставено во писмена форма на неговиот мајчин, албански јазик.

Бајрами беше генерален директор на „Државна лотарија“ од почетокот на 2022 до август 2024 година.

Денешното рочиште е прво на кое Бајрами и Груби заедно седат на обвинителната клупа во овој предмет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

Сведокот го смени исказот во случајот „Државна лотарија“, Обвинителството проверува дали имало притисоци

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryqmqd5bfhjklodY1KCRo

Груби излегува од куќен притвор, но останува без пасош – судот одби да го врати и со гаранција

Македонија | пред 1 седмица

artan-grubi

На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

ВЛТ терминалите останале во магацин, се чекало одобрение од УЈП и Министерството за финансии за нивна употреба, сведочеше директор од Државна лотарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања