Промени тема
Контакт

Гутереш го осуди убиството на француски мировник во Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library1i77ko6sdf9l4iKUt6s

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди убиството на француски мировник во Либан, оценувајќи дека станува збор за трет смртоносен инцидент со мировни сили во последните неколку недели.

„Ова е трет инцидент во последните неколку недели што доведе до смрт на мировник во Либан. Овие напади мора да престанат“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Тој ги повика сите страни во конфликтот да го почитуваат десетдневниот прекин на огнот кој во моментов е на сила во Либан.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека „сè упатува“ на тоа дека Хезболах стои зад нападот во кој загина наредникот Флоријан Монторио, додека уште тројца војници се повредени.

Од Хезболах, пак, ги отфрлија овие обвинувања и соопштија дека немаат никаква поврзаност со инцидентот.

— реклама —

Случајот дополнително ги зголемува тензиите во регионот, во момент кога меѓународната заедница се обидува да одржи кревко примирје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqf2ukouufkoq3tNGr7G

Либан доби нова воена опрема од Грција

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Ескалација на југот на Либан: Загинаа двајца израелски војници

Свет | пред 1 месец

11-izrael

Либан и Израел започнуваат нова рунда мировни преговори во Рим

Свет | пред 1 месец

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања