Грција му достави на Либан нова пратка воена опрема за вооружените сили, соопшти грчкото Министерство за одбрана.
Пратката пристигнала со брод во Бејрут во саботата, а содржи 13 оклопни транспортери М113 американско производство и 10 камиони „Штаер 680М“, кои, според австриски дизајн, биле произведувани и во Грција по лиценца во 1970-тите и 1980-тите години.
Ова е втора пратка воена опрема што Грција му ја донира на Либан. Првата била испорачана во јануари и исто така содржела 13 оклопни транспортери М113 и 10 камиони „Штаер 680М“.
Од грчкото Министерство за одбрана велат дека донацијата ја потврдува определбата на Грција да ја поддржи сувереноста, безбедноста и стабилноста на Либан.