Промени тема
Контакт

Ескалација на југот на Либан: Загинаа двајца израелски војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl
screenshot x

Двајца израелски војници загинаа во јужен Либан, соопшти израелската армија, додека во израелски одмазднички напади загинало најмалку едно лице, според либанското Министерство за здравство.

Според израелските медиуми, двајцата војници загинале, а уште четворица биле повредени кога експлозивна направа детонирала во областа каде што извршувале задачи на југот на Либан.

Израелската армија вчера започна напади во јужен Либан, наведувајќи дека станува збор за одговор на, како што соопшти, прекршување на примирјето од страна на Хезболах.

— реклама —

Од либанското Министерство за здравство информираа дека во израелски напад врз градот Тибнин загинало едно лице, а 12 други биле повредени.

— реклама —

Новата ескалација се случува во време кога во Рим се одржува нова рунда разговори меѓу Израел и Либан.

Двете земји во јуни, со посредство на Соединетите Американски Држави, постигнаа безбедносен договор со цел намалување на тензиите долж заедничката граница.

— реклама —

Сепак, Израел соопшти дека ќе ја задржи безбедносната зона во јужен Либан, образложувајќи дека тоа е неопходно за отстранување на заканата од Хезболах, група поддржана од Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryqf2ukouufkoq3tNGr7G

Либан доби нова воена опрема од Грција

Свет | пред 3 часа

11-izrael

Либан и Израел започнуваат нова рунда мировни преговори во Рим

Свет | пред 3 седмици

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuvvum54k1gl29GdH0se

Израелски напади предизвикаа пожари во јужен Либан

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања