Промени тема
Контакт

Гужви на границите: На „Богородица“ и „Дојран“ се чека до три часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryoclb9eme12711lA8V4D

Поради зголемена фреквенција на возила, на повеќе гранични премини во земјава се бележат подолги задржувања, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според последните информации, на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од државата задржувањето е околу три часа, а за влез околу еден час. На граничниот премин „Дојран“ за излез од државата, исто така, се чека околу три часа.

„На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопштија од АМСМ.

— реклама —

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 2 август во 12:00 часот до 3 август во 12:00 часот, преку граничниот премин „Богородица“ поминале околу 17.500 лица.

— реклама —

Според податоците на МВР, во тој период во државата влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Кај странските државјани, влез оствариле 10.249 лица, додека од државата излегле 11.648.

На граничниот премин „Дојран“ во истиот период влегле 399 македонски државјани, а излегле 1.104. Од странските државјани, влез во државата оствариле 1.295 лица, а излез 1.174.

— реклама —

Од МВР велат дека се преземаат сите неопходни мерки и дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, при истовремено спроведување на задолжителните гранични проверки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7spobjbn0bhlf1UKtSF

И денес гужва на „Табановце“: странски возачи со часови чекаат да ги платат казните

Македонија | пред 4 дена

media-librarypcnrra75bd63edAvr8h

(Видео) Метеж на патарината Скопје-Тетово, отворена уште една лента – Охрид се полни со туристи за продолжениот викенд

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryhavb8m26j12ibtBt71c

Голем застој на обиколницата поради сообраќајна незгода на Качанички пат

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања