На граничниот премин Евзони се создаваат километарски колони возила за влез во Македонија. Големиот број патници предизвикува застој, а возачите се соочуваат со долго чекање.
Иако на преминот сообраќајот се одвива во пет ленти, колоните се долги, а патниците се нервозни поради бавното минување на границата. Состојбата дополнително го отежнува патувањето за оние кои во овој период се упатуваат кон Македонија.