По разорните поплави и одрони во Непал, стручњаците предупредуваат дека опасноста за погодените подрачја сè уште не е завршена. Можно е денеска или утре да следат нови, втор и трет бран на одрони и поплави.
Басанта Раџ Адхикари, директор на Центарот за проучување на катастрофи при непалскиот Универзитет „Трибхуван“, за Би-би-си изјави дека засега не може со сигурност да се предвиди дали и кога ќе се случат нови бранови.
„Сè уште не знаеме“, рече Адхикари, додавајќи дека е во контакт со колеги во Кина кои внимателно ја следат состојбата.
Според него, во моментов нема обилни врнежи, но опасноста од нови одрони и натаму е присутна, особено поради нестабилноста на теренот.
Адхикари посочи дека стручните тимови веќе подолго време ги следат опасностите во Хималаите, поврзани со климатските промени.
„Климатските промени навистина се случуваат овде. Ги следиме, но не можевме да знаеме дека нешто вакво ќе се случи токму на одреден ден“, изјави тој.