Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

И натаму го бараат Груевски да се врати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarypf08t679r32b3cGISbt

СДСМ прашува дали премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков конечно ги испратиле документите за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија.

Од опозициската партија велат дека повеќе од еден месец јавно прашуваат зошто документите сè уште не се испратени, но, како што наведуваат, не добиле одговор.

— реклама —

„Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени?“, прашуваат од СДСМ.

Според нив, јавноста заслужува одговор дали македонските власти ги презеле потребните чекори за екстрадиција на Груевски.

— реклама —

„Зошто се бега од толку едноставно прашање на кое граѓаните со месеци не добиваат одговор за најпознатиот македонски криминалец?“, наведуваат од партијата.

— реклама —

СДСМ обвинува дека причината за молкот е политичка.

„Можеби затоа што Мицкоски не го сака враќањето на Груевски, затоа што знае дека тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека Мицкоски ги тргнал сите потпретседатели од партијата и дека од општинските комитети направил „личен фан-клуб“, поради страв од враќањето на неговиот „ментор“.

„Очигледно станува збор за свесна и намерна заштита на Никола Груевски, човекот кој стана симбол на криминалот, корупцијата и заробената држава“, стои во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања