„Играњето оро, чочек и блех музиката ги однесе СДС во слеп тунел“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-17-125949

„Има ли светло на крај од тунелот на СДС, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија. СДС се уште не може да се разбуди од кошмарот кој го доживеа на изборите па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум. Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира. Наместо нонсенс соопштенија, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер.

Рејтингот на СДС е во слободен пад за што говорат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 5:1 наспроти Венко Филипче.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДС во 7 години. СДС нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел.

Во време на СДС кога милијарди народни пари беа во прашање СДС дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека.

СДС нека се потсетат како нивниот министер за транспорт и врски Бочварски дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи.

СДС во 7 години лопата не фрлија, затоа наместо политиканство и акробации да се реформираат бидејќи на државата и е потреба силна опозиција за просперитетна држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања