Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Илјадници граѓани преплатиле трошоци за брзи кредити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
pari

Министерството за финансии утврдило серија прекршувања кај финансиските друштва што издаваат таканаречени брзи кредити, поради што дел од граѓаните ќе треба да добијат поврат на незаконски наплатени трошоци, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најавувајќи дека ќе следуваат и промени во регулативата.

— реклама —

Според податоците презентирани на вчерашниот брифинг со новинарите, во текот на годинава биле склучени 228.880 договори со финансиски друштва – најголемиот дел за брзи потрошувачки заеми. Вкупната вредност на договорите изнесува 132 милиони евра, од кои околу 20 милиони евра биле позајмени од 508 компании. Дел од граѓаните имаат потпишано повеќе договори.

Министерството спроведува засилен надзор и, како што рече министерката, биле откриени случаи каде што е надминат законскиот лимит за наплата на вкупни трошоци.

— реклама —

„Кај дел од граѓаните што земале брзи кредити е надминат законскиот лимит за наплатен трошок… Оние што земале повеќе пари, мора да им ги вратат на граѓаните,“
изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека веќе се издадени прекршочни налози, но институциите внимателно одмеруваат дали во одделни случаи да се оди и кон одземање лиценци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p9i96h5dqjqcZ3jPpN

(Фото) „Уловен“ од камерите! Уапесен крадец на филијали за брзи кредити

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања