Промени тема
Контакт

Илон Маск се обидел да го придобие Марк Закерберг за преземање на OpenAI

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Илон Маск наводно се обидел да обезбеди поддршка од Марк Закерберг, извршниот директор на Meta, за својата понуда вредна речиси 100 милијарди долари за преземање на OpenAI, покажуваат судските документи.

— реклама —

За време на судско испитување, Маск признал дека разговарал со Закерберг за можноста Meta да вложи средства во неговиот план, но првиот човек на Meta не прифатил да учествува.

— реклама —

OpenAI од судот побарал да и наложи на Meta да предаде комуникации и документи кои би можеле да ги разјаснат деталите од овие контакти. Од Meta, пак, возвратиле дека барањето е непотребно и дека OpenAI треба да ги добие тие документи директно од Маск и неговата компанија xAI, а не од трета страна.

— реклама —

Овој процес е дел од поширокиот правен спор меѓу Маск и OpenAI. Минатата година Маск ја тужеше организацијата тврдејќи дека таа ја напуштила првичната мисија – развој на вештачка интелигенција за општа корист, во корист на профитот. OpenAI возврати со контратужба, а судскиот процес пред порота е закажан за пролетта 2026 година.

— реклама —

Случајот дополнително ја засилува вниманието кон судирот меѓу највлијателните личности и компании во областа на вештачката интелигенција, кој би можел да има далекусежни последици врз развојот и контролата на оваа технологија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 1 ден

— реклама —
ilon-mask-1

Илон Маск повторно се враќа во администрацијата на Трамп: Ќе го советува Пентагон за иднината на војувањето

Свет | пред 3 дена

ilon-mask

Илон Маск ја нападна француската претседателска кандидатка: „Замолчете ја“

Свет | пред 1 месец

ilon-mask

Компанијата xAI на Илон Маск тужи корисник поради злоупотреба на Grok

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања