Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Има груба манипулација од локален јавен обвинител, соучесник во процесот, постои поинаков извештај од приложениот“, Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека случајот со враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски ќе биде предмет на истрага, оценувајќи дека постојат сериозни неправилности во постапката.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека, според него, станува збор за груба манипулација од страна на локален јавен обвинител, за кого тврди дека е соучесник во целиот процес.

— реклама —

„Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека засега нема да посочува конкретни имиња, бидејќи, како што рече, претстои истрага која треба да ги утврди сите околности.

— реклама —

Премиерот истакна дека, според информациите со кои располага Владата, постои разлика меѓу извештајот на Основното јавно обвинителство и записникот што бил доставен од Вишото јавно обвинителство во Битола.

— реклама —

„Од страната на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој што е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство. Ова нема така да заврши“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 9 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 10 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања