Промени тема
Контакт

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-libraryk1rmgj0uqcfv1KSb5OL

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По неколкуте успешни гостувања на  одлични солисти и  ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет  под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта.

Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото  музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија  „Хризантеми“ од Џакомо Пучини.

— реклама —
media-libraryenhcuu5527dic9nKLY2

Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа  голема уметничка зрелост, креативност и енергичност.

-За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука. Изведовме неколку композитори, Џакомо Пучини, Бенџамин Бритн, Џовани Батиста Перголези, но и македонски автори како Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Програмата беше специјално креирана за фестивалот „Охридско лето“, рече маестра Чадловска, која од 2022 до 2024 година беше и музички селектор на „Охридско лето“, а во 2021 година ја диригираше програмата на свеченото отворање на 61. издание на фестивалот.

— реклама —
media-librarya508kkrkd1of0YKDbNh

Маестра Чадловска редовно диригира со Симфонискиот и Оперскиот оркестар во Националната опера и балет, но, како што кажа, првпат со Камерниот оркестар на најголемата национална установа од областа на културата во земјава.

— реклама —
media-libraryug01oignb7is63TFMXC

Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ. Во своето постоење настапувал на бројни сцени надвор од Македонија, а во својот репертоар секогаш отстапува голем простор за македонските композитори.

media-libraryhr467nfbcsml0uW2TIV

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања