Промени тема
Контакт

ОХРИДСКО ЛЕТО 2026

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста.Годинашното издание понуди 48 фестивалски настани, музички конце

Охрид | пред 5 дена

media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Со рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва завршува 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, кое годинава донесе бројни настапи на врвни уметници од Македонија и од светот.Од фестивалот посочуваат дека токму интересот на публиката е најголемата потврда за успешноста на годинашното издание. Охрид и ова лето беше место на кое се сретнаа различни уметнички изрази, а резултатите, според организаторите, ги надминале очекувањата.Од „Охридско лето“ упатија благодарност до Министерството за

Охрид | пред 6 дена

media-libraryqfnu0ev04j753j5ULLw

Сулејмани: „Охридско лето“ – уметност што ги обединува луѓето и културите

Со концертот на полскиот квартет „Глам“ и американскиот пијанист Стен Брекинриџ заврши музичката програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, кое и годинава понуди низа настапи на реномирани уметници од земјава и од странство.На завршниот концерт на музичката програма присуствуваше министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, кој истакна дека фестивалот уште еднаш ја потврдил својата улога како место каде што преку уметноста се поврзуваат различни култури, традиции и уметнички изра

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“.  Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови.На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, Седат Сулејмани, кој потсети

Охрид | пред 6 дена

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа вчеравечер во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“  настапија младите  унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог.Александра Балог се вбројува помеѓу  највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на стипендијата „Фулбрајт“, наградена е со наградата „П

Охрид | пред 1 седмица

media-library6ua5bu32kfu62vGghYW

Перцан: Огромна инспирација е да се работи со младите

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен  вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Годинава на  семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По завршувањето на нивниот  концерт  во црквата „Света Софиј

Охрид | пред 1 седмица

media-librarymqiaop423c4q0Iwe2Cd

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“.Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична  мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката.Концертниот репертоар зрачеше со восх

Охрид | пред 1 седмица

media-library6rmi4dhfl11t89Cl7Zm

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Четирите џез вечери на фестивалот  „Охридско лето“  изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика  и полни гледалишта.Честа да ја затвори џез програмата синоќа  на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика  заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми.Музиката без граници ја одбележа уште една незаборавна џез-вечер на „Охридско лето“.Завчера

Охрид | пред 1 седмица

media-library2bevr4t4v5rg8KtAs7W

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма  потсети на важноста на зачувувањето на автен

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryb0kakn2a8hepdqy63iT

„Охридско лето“ со четири џез-вечери  отвора ново музичко поглавје

Прекрасна музичка вечер исполнета со раскошен звук, енергија и препознатливиот македонски музички сензибилитет донесе настапот на Националниот џез оркестар во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.На сцената  Долни Сарај, оркестарот ги претстави новите аранжмани на македонски народни песни, како и оригинални авторски композиции инспирирани од македонската фолклорна традиција. Концертот „Македонски сновиденија“, под диригентство на Владимир Николов, беше енергична фузија на традици

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryc9hrutm1p70gfgL74Xs

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август.Предвидени се шест концерти на врвни музичари меѓу кои Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсија, Питер Сомуа, „Kiioto“ и македонските уметници од Националниот џез оркестар. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и нејзиното Предворје, како  и на сцената Долни Сарај.На првата џез вечер, на 13 август, се предвидени два концерти од кои првиот во 20 часот во цр

Охрид | пред 1 седмица

media-library3s0fj9famf5ebgAJEDs

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“,  тој празник го приреди младиот пијанистички виртуоз од Кина Сихенг Сонг кој ги демонстрира не само неговата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат, туку и  чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа.Поради неговите маркантни динамички градации, на моменти, пијаното  постигнуваше волуменозност

Охрид | пред 1 седмица

media-library36icpo72ce7ic5F2nZn

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот 

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокот.Доловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела  на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа изведени композиции од Бах, Вивалди, Верачини, Скарлати и Б

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryk9h2efb7fski4j6dL3T

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Во црквата „Света Софија“  вечерва од 21  часот целовечерен концерт  на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле.Добитник е на на

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryfok5hh2midtn4hAnA4Z

Садикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфа

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова.Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена.  Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во секој звук од харфата и ја наградија уметницата со громогл

Охрид | пред 2 седмици

media-librarymvtgqnvbnukpcZoN2VZ

Вечер на барокна музика со македонските уметници Владимир Костов и Цветанка Созовска

Еминентните македонски уметници , виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот.Цветанка Созовска  е родена во 1975 година во Скопје. Започнува  да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен Костова во МБУЦ „Илија Николовски-Луј”.Во 1996 дипломира

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryg2vt3na8097hdjoTU2M

„Последната роза на летото“ – музички раскош и европски дух на „Охридско лето“

Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи.Прекрасниот амбиент на „Света Софија“ дополнително ја збогати музичкат

Охрид | пред 2 седмици

media-library8pad556jg4u02Cxwifq

Грчка вечер на „Охридско лето“ со Теодосија Нтоку и Масимо Полидори

Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори  вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија Нтоку веќе има свое значајно присуство на меѓународната

Охрид | пред 2 седмици

media-librarybttq9nunrt3oc9cWG1X

Магична вечер со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“

Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни музичката програма и на публиката ѝ понуди несекојдневно аудиов

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryerat24s8rguv3qC2Hpv

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким

Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“.Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а  продолжија со уште една Соната за виолина и пијано  од Франсис Пуленк. Репертоарот го  заокружија со Фантазија за виолина и пијано од Шуберт, ремек-дело напишано во декември 1827 година.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryea9ep872a7hf7Rq4seP

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“  од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ.  Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица  Дашиќ.Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на меѓународната сцена веќе долги години покажувајќи в

Охрид | пред 2 седмици

media-library85vudhb1nc1378KgpZb

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“

Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена.-Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за

Охрид | пред 3 седмици

media-librarysafpd5gmkpumaeS2HQu

На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“

Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“  од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на  оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа  66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, носител на алтовскиот и мецосопранскиот фах.Обраќајќи се на промоцијата, директорот на фестивал

Охрид | пред 3 седмици

media-librarylctc6kfqvub43rEYYo7

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот  машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки,  денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот  во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „

Охрид | пред 3 седмици

media-library0p0e0c58vtpl79TbUZZ

Вадим Холоденко-пијанист со редок квалитет и исклучителен талент

Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, вчеравечер имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како солист и со оркестри во Европа, Северна Америка и Азија.

Охрид | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања