Промени тема
Контакт

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-librarymqiaop423c4q0Iwe2Cd

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“.

Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична  мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката.

— реклама —

Концертниот репертоар зрачеше со восхитувачка убавина со највисоки естетски критериуми.

media-library2gopc498v9eedipXvHl

-Голема е честа за целиот оркестар да се биде овде. Сакав да го донесам на „Охридско лето“ и успеавме во тоа. Имавме спектакуларна програма почнувајќи  од  Увертирара кон  операта „Танхојзен“ од Рихард Вагнер, преку познатата симфониска поема „Помошникот на волшебникот“ од Пол Дука, едно наградено дело  од млад композитор од Западен Балкан,  до „Романска рапсодија бр. 1 оп. 11 од Жорж Енеску, а концертот го завршивме со композицијата „Римски борови„ од Оторино Респиги, изјави албанско-германскиот диригент и пијанист Десар Сулејмани.

— реклама —
media-libraryue6hh6k4turd7oMlqHy

Младинскиот оркестар на Западен Балкан е основан врз база на едноставно, но моќно уверување дека музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат. Во регион кој сè уште ги лечи раните по распадот на поранешна Југославија, овој оркестар создава уникатен простор за креација на младите музичари од различни земји и култури, помагајќи им да ги надминат разликите и да се сплотат во заедничка уметничка креација. Инспириран од духот на Европските летни музички академии кои се одржуваат во Приштина од 2012 година, оркестарот официјално е формиран во 2019 година под уметничко раководство на диригентот и пијанист Десар Сулејмани.

— реклама —
media-libraryj538iriqcgg4cebY8EC

Денес Младинскиот оркестар на Западен Балкан е повеќе од само музички ансамбл – тој е мост кој ги охрабрува уметниците од новата генерација да бидат амбасадори на дијалог, разбирање и соработка во регион каде таквите гласови се повеќе од потребни.

media-library7vi8m5po5v25cKXS1YU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања