Промени тема
Контакт

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Охрид
media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“.  Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови.

На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, Седат Сулејмани, кој потсети дека од првата фестивалска вечер на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ па до денес, Охрид беше сцена на која се сретнаа различни култури, традиции и уметнички изрази, како што рече, под отворено небо и на простори со вековна историја.

media-librarycm7tpfk44ugh7HtVx2U

-Тоа е суштината на „Охридско лето“- преку уметноста да ги поврзува луѓето и да отвора нови хоризонти. Ова фестивалско издание остави зад себе  голем број концерти, претстави и средби со врви уметници. Рекордната посетеност е само потврда дека публиката ја препознава вредноста на фестивалот и дека културата има значајно место во нашето општество. Како министер за култура и туризам,  горд сум што министерството е партнер и поддршка на фестивалот кој повеќе од шест децении  е еден од столбовите на нашиот културен живот. Наша обврска е да ја чуваме оваа традиција, да го поддржуваме врвниот уметнички квалитет и да создадеме услови „Охридско лето“ да продолжи да расте, да се развива и да биде фестивал отворен за сите-за секоја генерација, за секој уметник, за секој љубител на уметноста, рече министерот Сулејмани.

— реклама —
media-librarya71dqllehe2reTRyEfw

Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка помеѓу Полска и Република Северна Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, му врачи плакета на амбасадорот на Полска во земјава,  Мариуш Бримора.

— реклама —
media-librarypqp2lhb7nbt83hz0HCK

-Благодарност за прекрасната  соработка со организацијата на фестивалот, особено што втора година по ред, Полската вечер ја затвора музичката програма на „Охридско лето“. Разбирливо е да се прашате зошто американски музичар од Калифорнија настапува на Полска вечер. Го поканив Стен Брекенриџ, не само заради тоа што ми е долгогодишен пријател, туку и заради тоа што тој е многу голем пријател на Полска.  Првпат дојде во Полска во 2004 година  и веднаш се заљуби во  нашата земја. Во следните години ја посетуваше повеќе пати,  а откако се пензионира од Универзитетот  во Калифорнија во 2018  година, засекогаш се пресели  во Полска. Оттогаш живее во Познањ и ги учи студентите, а во исто време ја продолжува и својата уметничка кариера. Неговиот најнов проект „Реимагиниран Шопен“ ги свири делата на иконата на полската музика, Фредерик Шопен во негови џез-боса нова аранжмани.  За да ја направиме поинтересна оваа вечер, го замолив во програмата  да  вметне и неколку евергрин мелодии кои обично ги свири на своите концерти. Ова е уникатна можност  да го слушнете најдоброто од Шопен и  од американската музика, рече полскиот амбасадор Бримора.

media-library5vst1pu8jl5h9lQd2yb

Квартетот „Глам“  кој негува стилска разновидност  и комбинира повеќе музички стилови од класична музика преку поп, рок, хаус, џез, па сè до современите алтернативни стилови го сочинуваат Барбара Шелчаеиевич –  прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска – втора виолина, Каролина Вашцинска-Лукановска – виола и Агњешка Ковалчук – виолончело.

— реклама —
media-libraryovkvoav149sd9AeDVSA

Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“  е традиционална и се одржува веќе 17 години, носејќи ги најдобрите уметници од Полска.

media-libraryu0dkshi9sr4ebHnE76w media-library5fol7rrqtk17fyhXcKE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 ден

media-library6ua5bu32kfu62vGghYW

Перцан: Огромна инспирација е да се работи со младите

Охрид | пред 2 дена

media-librarymqiaop423c4q0Iwe2Cd

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Охрид | пред 2 дена

media-library6rmi4dhfl11t89Cl7Zm

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Охрид | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања