Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Перцан: Огромна инспирација е да се работи со младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Охрид
media-library6ua5bu32kfu62vGghYW

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен  вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Годинава на  семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По завршувањето на нивниот  концерт  во црквата „Света Софија“, им беа доделени и дипломите за учество на оваа летна школа.

media-libraryr6t0beu0rcl34YSwHRO

-Огромна инспирација е да се работи со младите. Меѓу нив има и студенти кои веќе се на мастер студии, но доаѓаат на семинарот заради подобрување на знаењата. Воодушевувачки е колку тие можат да научат за десет дена колку што трае семинарот. Кај нас, најголем предизвик е приспособувањето. За само десет дена треба да се приспособиме едни на други, и да научиме нешто едни од други, вели виртуозот на виолина, Емилио Перцан.

— реклама —

Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан, постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на РС Македонија и на градот Охрид,  продолжува да се одржува во Охрид.

— реклама —
media-libraryurh7l7u716np0FAqiI3

Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, а досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од овие, но и од други земји. Исто така, редовно учествуваат и педагози и изведувачи, како и професионални музичари кои доаѓаат на усовршување.

media-libraryn10icmvknp327uAKKcw

Македонскиот виолинист Емилио Перцан има активна педагошка и изведувачка кариера и соработува со уметници како: Викторија Мулова, Даниел Хоуп, Кент Нагано, Чен Реис, Рафаела Миланези, Михаел Рол, Јулија Лежнева, Гзавие де Метр и др. Преку различни ангажмани, Перцан настапува во најпознатите сали и на најпознатите фестивали низ светот како: салата на Берлинската филхармонија, салата на фестивалот во Баден-Баден, Оперската сала во Токио, Концертната сала во Сао Паоло итн.Снима за дискографските куќи: „Дојче грамофон“, „Сони“, „Дека“, „Хармонија Мунди“, „Пан класикс“ и „Оникс класикс“.Од март 2015 година предава виолина на Универзитетот за уметност во Грац-Австрија, а од октомври 2020 година и на Универзитетот „Калаидос“ во Цирих.Држи семинари по виолина, виола, камерна музика и предавања по историска изведба, методика во Германија (Schloss Akademie Hamburg), Русија (Конзерваториум „Чајковски“, Гнесинска академија, Иполитовски институт), Австрија (Gifted in music), Италија, Киргистан, Украина итн.Неговите студенти се добитници на повеќе од 150 меѓународни награди.

— реклама —
media-library54qo5jd4aci5aW9Ylv6

Пијанистката Тамила Гулијева дипломира и магистрира со почести на Музичката академија во Баку (Азербејџан), а продолжува да се усовршува на Универзитетот „Фолкванг“ во Есен, каде од 2007 година е ангажирана и како предавач.Гулијева е добитничка на повеќе награди, меѓу кои прва награда на Фестивалот за млади пијанисти и награда за Најдобар пијано-соработник во 1999 година. Како солист настапува рецитално и со симфониски и камерни оркестри, а е официјален пијано-соработник на мајсторските курсеви на Мстислав Ростропович, Табеа Цимерман, Квартетот „Форе“ и др.

media-library5jea1d7c3t2q0UtSWTi media-library2pb4besjshi2c4GJmeG

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymqiaop423c4q0Iwe2Cd

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Охрид | пред 2 часа

media-library6rmi4dhfl11t89Cl7Zm

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Охрид | пред 1 ден

media-library2bevr4t4v5rg8KtAs7W

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Охрид | пред 1 ден

media-libraryb0kakn2a8hepdqy63iT

„Охридско лето“ со четири џез-вечери  отвора ново музичко поглавје

Охрид | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања