Промени тема
Контакт

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Охрид
media-library2mm50130lomn2glGQOW

Со рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва завршува 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, кое годинава донесе бројни настапи на врвни уметници од Македонија и од светот.

Од фестивалот посочуваат дека токму интересот на публиката е најголемата потврда за успешноста на годинашното издание. Охрид и ова лето беше место на кое се сретнаа различни уметнички изрази, а резултатите, според организаторите, ги надминале очекувањата.

Од „Охридско лето“ упатија благодарност до Министерството за култура и туризам за континуираната поддршка, како и до генералниот спонзор, А1 Македонија, останатите спонзори, партнери и пријатели на фестивалот, чија поддршка придонела за реализација на богатата програма.

— реклама —

Посебна благодарност е упатена и до фестивалскиот тим, кој во текот на целото лето бил ангажиран во организацијата и реализацијата на настаните.

„На секој член од тимот кој денови и ноќи работеше, организираше, решаваше проблеми, беше на терен и се грижеше секој концерт, секоја претстава и секој фестивалски момент да биде реализиран на највисоко ниво – ви благодарам од срце“, се наведува во објавата на фестивалот.

— реклама —

Со спуштањето на завесата на 66. издание, „Охридско лето“ зад себе остава фестивалско лето одбележано со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордни резултати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 6 часа

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 ден

media-library6ua5bu32kfu62vGghYW

Перцан: Огромна инспирација е да се работи со младите

Охрид | пред 2 дена

media-librarymqiaop423c4q0Iwe2Cd

Музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат

Охрид | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања