Промени тема
Контакт

Садикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-libraryfok5hh2midtn4hAnA4Z

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова.

Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена.  Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во секој звук од харфата и ја наградија уметницата со громогласни ракоплескања.

media-library04frrcjsv75q8EVqnis

-Првото дело со кое ја започнав вечерта беше Токата и фуга од Бах која е транскрипција за харфа на Белов, потоа продолжив со кинеска музика,  свирев  два става од Свитата Бергамаск од Клод  Дебиси, првиот Прелудиум и познатата Клер де Лун. На програмата беа Париш Алварс со многу убави варијации на теми од операта „Норма“ на Белини, Шопен со Фантазија- импромпту, исто така транскрипција за харфа и продолжив со Мануел де Фаља, за програмата да ја завршам со Беджих  Сметана и Фантазија за харфа од „Влтава“ односно со транскрипцијата за харфа од Трнечек, рече извонредната харфистка Садикова.

— реклама —

 Според неа, убаво звучи, но истовремено е и предизвик музиката за пијано да се свири на харфа.

— реклама —
media-library5teb5f9udkc76AyeRMp

-Сакам музика за пијано и сметам дека таа звучи многу убаво на харфа. Мислам дека звучи поинаку, но сепак е премногу убаво на харфа. Секако,изведбата на пијано е многу полесна отколку на харфа поради педалите и промената на хармониите. Тоа е голем предизвик.  Целата црква е преубава, го сакам звукот на харфата во неа, секоја нота звучи совршено. Секој човек многу убаво ќе ја слушне харфата овде,  без да се користи микрофон, додаде Садикова.

Родена во Санкт Петербург, Алиса Садикова започнала  да учи хафра во класата на Карина Малееве во Специјалната школа за талентирани деца  при Конзерваториумот „Н. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург. Образованието го продолжила како стипендист на Фондацијата „Салви“ во школата „Кембриџ музика мунди“ во Белгија, во класата на Кетрин Мишел,  а потоа и на престижната школа „Џулијард“ во САД каде дипломирала минатата година. Во моментов е запишана на постдипломски студии во класата на Ненси Ален на „Џулијард“ со стипендија од Фондацијата „Ковнер“.

— реклама —
media-library4hb6an6i32kocjdRLOK

Во нејзината биографија  се впишани повеќе од 20 први награди од интернационални натпревари што ја прави една од најнаградуваните харфистки на денешницата.

media-libraryjsdlandgsdjv6Icxeuamedia-libraryodml8hehlmdq9REm2NE

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања