Промени тема
Контакт

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-library3s0fj9famf5ebgAJEDs

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“,  тој празник го приреди младиот пијанистички виртуоз од Кина Сихенг Сонг кој ги демонстрира не само неговата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат, туку и  чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа.

Поради неговите маркантни динамички градации, на моменти, пијаното  постигнуваше волуменозност на мал оркестар.

— реклама —
media-libraryq6vksblq3qhbe0KLRy5

Со неверојатна леснотија, прецизност и висока концентрација, концертната програма започна со Месечевата светлина од  Дебиси, продолжи со Сонатата за пијано бр 16 во це-дур од Моцарт, а специјално за овој настап на „Охридско лето“ Сонг избра да ја свири  Есенска месечина врз мирното езеро од кинескиот композитор Пејжун Чен, но и  Избор од Клавирски поеми од Земјата чиј композитор е самиот тој.

Восхитувачката меморија на Сонг да го отсвири на памет  целокупниот репертоар што траеше речиси  час и половина, дополнително  ја воодушеви публиката  која не ги штедеше аплаузите кои до крајот на концертот беа сè погласни и погласни.

— реклама —
media-libraryg7kp0ol1sttg4NCRhFF

-Беше навистина неверојатно. Сметам дека програмата беше мал предизвик бидејќи некои дела беа мои и публиката првпат ги слушна. Имаше и едно многу долго дело, 24 Прелудиуми од Шопен, но публиката, иако беше премногу топло, остана до крај на своите места. Нејзината реакција е многу важна за уметникот. Тоа се нарекува хемиска размена помеѓу луѓето. Затоа музиката е многу важна зашто ги зближува луѓето, рече виртуозниот шангајски пијанист Сихенг Сонг.

— реклама —
media-libraryii33dl6p4ohmfL7pXZQ

Сонг се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжил да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршувал со Доминик Мерле.Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти  комбинирајќи го стандардниот рецитален формат со мултимедија. Досега  има создадено пет такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.

media-library0p0ab6jcpb9h1JjUkxomedia-libraryrori8issfcb04YmI33N

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања