Промени тема
Контакт

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-library36icpo72ce7ic5F2nZn

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокот.

— реклама —

Доловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела  на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа изведени композиции од Бах, Вивалди, Верачини, Скарлати и Бибер. За голема почит е што македонските уметници ги негуваат и делата на македонските композитори, па така,  Созовска  ја изведе Свитата за пијано оп.27  од  истакнатиот македонски композитор Томислав Зографски за која самата таа ја направи преработката за чембало.

media-library9bu2slusfepa53Yihys

Инаку, врвната чембалистка Цветанка Созовска  која има специјализирано барок, точно три децении живее и работи во Холандија, но ја промовира барокната музика и надвор од холандските граници. За да може да го долови барокот на автентичен начин пред љубителите на класичната музика во Македонија, таа во земјава го донесе и својот личен инструмент.

— реклама —
media-libraryil3o3su90knpcSbfvH9

-Инструментот што го користам вечерва е лично мој.  Го купив  пред три години во Холандија и го  увезов во Македонија за да имам и тука инструмент и да можам да патувам и да ја презентирам барокната музика во автентичен стил, не само во Скопје, туку насекаде во земјава. Голема е честа  што и на „Охридско лето“ настапувам со мојот инструмент, рече Созовска.

— реклама —

Со нејзиниот колега, виолинистот  Владимир Костов, ги врзува не само виртуозноста над своите музички инструменти, туку и големата љубов кон барокната музика. Заедничкото музичко дружење со фестивалската публика, тие го изведоа во историски штим од 415 херци, а Костов на концертот користеше и барокно гудало за својата виолина.

media-libraryjcorei76jfenc9EgRF3

-Како што се развивала виолината во текот на вековите, така се развивало и гудалото. Ова е еден тип на гудало кое што по форма, големина и должина се користело во тоа  време за да се долови тој звук. Исто така специфично е и тоа што свириме на  автентичен штим од 415 херци.  Тоа е штим којшто се изведува со оригиналните инструменти бидејќи  во современата музичка практика, инструментите се штимаат  на  440 до 442 херци. Овој звук дава посебен амбиент и една посебна интерпретација на барокната музика и уште  поголема автентичност на самите дела, појасни Костов, кој е концерт-мајстор  во Македонската филхармонија, но и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

media-libraryjc01ldvhaujo12vpVN0

По вчерашното возбудливо музичко патување низ барокот, на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе следува концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг.

media-libraryd171cqma75q4ctOLch5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања