Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Охрид
media-library6rmi4dhfl11t89Cl7Zm

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Четирите џез вечери на фестивалот  „Охридско лето“  изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика  и полни гледалишта.

Честа да ја затвори џез програмата синоќа  на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика  заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми.

Музиката без граници ја одбележа уште една незаборавна џез-вечер на „Охридско лето“.

media-library7vgcdnr1iko0dgDvuyN

Завчера, Питер Сомуа и неговиот состав ѝ подарија на фестивалската публика енергично музичко доживување, во кое топлиот звук на трубата се сретна со џезот, африканските ритми и современите музички влијанија.

Со својата интернационална музичка приказна, Питер Сомуа уште еднаш покажа дека џезот навистина е универзален јазик – способен да ги поврзе културите, континентите и луѓето.

— реклама —

Истата вечер, Сомуа и неговиот бенд , по завршувањето на концертот, фестивалската сцена на Долни Сарај  им ја отстапија на Нубаја Гарсија и нејзиниот состав - Лајл Бартон, Макс Лутерт и Сем Џонс. Тие  ја поведоа фестивалската публика низ современ музички свет во кој џезот се преплетува со класичната музика, дабот, R&B и афро-карипските влијанија.

media-libraryam1apnuonqad7u70cmI

Со својот препознатлив звук и енергија, Гарсија уште еднаш покажа зошто е една од највозбудливите фигури на современата британска џез-сцена.

— реклама —

На 14 август, за  љубителите на овој жанр музика, концерти одржаа Националниот џез оркестар кој ја претстави својата исклучителна концертна програма „Македонски сновиденија“ – енергична фузија  од македонски фолклор и современ џез.  Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот приреди магично музичко патување, инспирирано од  длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјалниот гостин, трубачот Питер Сомуа од Гана, ѝ даде дополнителна енергија на вечерта, внесувајќи го својот препознатлив звук и африканските музички влијанија во оваа впечатлива музичка приказна.

media-libraryogv5fjqffsq41uM5Qit

Dine Doneff и „Storytales“, заедно со Харис Ламбракис и Кирјакос Тапакис, ја поведоа публиката низ имагинарен свет од балади, приспивни песни, приказни и обредни мотиви инспирирани од македонското народно поетско наследство.

Преку препознатливиот авторски јазик на Doneff, во кој се среќаваат балканската традиција, слободната импровизација, џезот и современата музика, „Storytales“ ја претвори личната приказна за идентитетот и меморијата во универзално музичко доживување

— реклама —
media-library4hfhejdtca56cn1ipD9

Честа да ја отвори џез програмата на „Охридско лето“ ја имаше  македонскиот  гитарист и композитор Крсте Роџевски кој живее и работи во САД. Тоа беше вечер исполнета со авангарден звук, византиска традиција и современ џез.Во црквата „Света Софија“, Роџевски заедно со неговиот ансамбл Христијан Моневски, Дамјан Палоски, Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски ја претставија концертната премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“ - проект во кој византиското пеење се сретна со експерименталниот и слободен џез, создавајќи уникатен музички јазик.

Според  директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, воведувањето на  џез програмата  претставува природно проширување на фестивалската понуда и одговор на интересот на публиката за различни музички жанрови, без притоа, како што вели, да се наруши основниот концепт и идентитет на фестивалот кој полни 66 години важи за една од најголемите и на реномираните музичко-сценски  манифестации во регионот.

media-library0qe2olc2n7u3fkzSyZx

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2bevr4t4v5rg8KtAs7W

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Охрид | пред 3 часа

media-libraryb0kakn2a8hepdqy63iT

„Охридско лето“ со четири џез-вечери  отвора ново музичко поглавје

Охрид | пред 2 дена

media-libraryc9hrutm1p70gfgL74Xs

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Охрид | пред 4 дена

media-library3s0fj9famf5ebgAJEDs

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Охрид | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања