Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

100 нови возила за Итна помош и нов протокол за изгореници – Алиу кажува за мерките по трагедијата во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Министерот Азир Алиу на конференција за трагедијата во Кочани рече дека научените лекции од пожарот се претвораат во системски решенија и дека е клучна интерсекторската соработка и однапред усогласен систем за масовни несреќи. Владата усвои прв национален план за масовни жртви по стандарди на СЗО, ЕУ и НАТО, за подобра координација и побрз одговор. Подготвен е и национален протокол за третман на изгореници. Се најави модернизација на Итна помош, парамедици, EMT тимови и 100 нови возила (7,5 милиони евра).

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство Азир Алиу во завршното обраќање на Меѓународната конференција посветена на трагедијата во Кочани истакна дека државата веќе ги преточува научените лекции од пожарот во конкретни системски решенија за подобра подготвеност при масовни несреќи.

— реклама —

Тој нагласи дека конференцијата покажала колку е важна интерсекторската соработка при справување со вакви трагедии и дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција, туку и однапред подготвен и институционално усогласен систем на постапување.

— реклама —

„Трагедијата во Кочани уште еднаш потврди дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција. Потребен е однапред подготвен, прецизно структуриран и институционално усогласен систем на постапување“, изјави Алиу.

— реклама —

Министерот информираше дека на последната владина седница е усвоен првиот национален план за справување со масовни жртви во државата. Планот е подготвен согласно препораките на Светската здравствена организација, европскиот механизам за цивилна заштита, стандардите на НАТО и меѓународните здравствени регулативи.

Со неговата примена се очекува подобра координација меѓу институциите, поефикасно користење на ресурсите и побрз одговор при масовни инциденти, со цел намалување на смртноста и зголемување на преживувањето.

Во рамки на мерките е подготвен и првиот национален протокол за третман на пациенти со изгореници, кој треба да воспостави јасни стандарди за проценка, тријажа, транспорт, интензивно лекување, хируршки третман и рехабилитација на сите нивоа на здравствениот систем.

„Благодарение на работната група составена од експерти од различни области, денес имаме протокол кој обезбедува современ и структуриран алгоритам за постапување кај пациенти со изгореници“, посочи министерот.

Алиу информираше дека паралелно се работи и на пошироко јакнење на системот за здравствен одговор во кризни ситуации. Дел од мерките се модернизација на службата за итна медицинска помош, воведување на профилот парамедик и лиценцирање на EMT Type 1 тимови според меѓународни стандарди.

Дополнително, Владата донела одлука во текот на оваа година да се обезбедат 100 нови возила за Итната медицинска помош, со вкупна вредност од околу 7,5 милиони евра, со што значително ќе се зајакнат капацитетите на оваа служба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања