Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

18-годишник ја усмртил жената во Капиштец, па веднаш со татко му избегал од државата: автомобилот најден пред нивната куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryljufqr7phict3xdoBRS

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 11:30 часот на улицата „Народен фронт“ во центарот на Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удрило во пешакот Љ.Ј. (79), која од здобиените повреди починала во Ургентниот центар. По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот без да ѝ укаже помош на повредената жена.

— реклама —

По пријавата за несреќата, полициските службеници веднаш презеле интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку системот „Безбеден град“, камерите од околните објекти и изјави од сведоци, било утврдено дека станува збор за возило сопственост на Б.С. (45) од Скопје, управувано од неговиот син С.С. (18).

— реклама —

Возилото било пронајдено пред домот на сопственикот, каде бил затекнат С.С. (69), кој бил приведен и со него бил извршен службен разговор. Дополнително било утврдено дека возачот С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на Ш.П. (45) и А.Ј. (53) од Скопје, ја напуштиле државата во текот на истиот ден.

Лицата Ш.П. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“, додека против 18-годишниот возач е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

По возачот и неговиот татко е распишана потерница, а во рамки на истрагата се пронајдени и одземени двете возила – „фолксваген пасат“, со кое била удрена жената, и „мерцедес“, со кое осомничените ја напуштиле државата. За целиот случај е известен јавен обвинител, а истрагата продолжува.

Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што сторителот го напуштил местото на несреќата и, со помош на други лица, се обидел да избегне одговорност за загубениот човечки живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 8 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 9 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 9 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања