Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Адеми од ДУИ бара ДУИ да не биде прикажувана како виновна, бранејќи го Бектеши пред полициската станица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-16-at-23.10.48

Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, политички ја искоментира трагедијата во Кочани. Тој бара ДУИ да не биде покажувана како виновна, оти како што рече „ова не им служи на меѓуетничките односи“. Ваквиот став на Адеми доаѓа откако ексминистерот за економија, Крешник Бектеши беше повикан во полициска станица за издадената нелегална лиценца за дискотеката каде загинаа 59 лица.

— реклама —

„Денеска требаше да бидеме сполтени за семејствата и помагање на повредените. Но за жал видовме дека човечноста кај најодговорните авторитети, е исчезната. Денеска видовме политиканство, политички интриги. Уште во утринските часови кога стигаа информациите, почна да се прави спинот, кој стана наративот на Владата. Се развиваше теоријата дека зад несреќата стои Албанец од ДУИ, за потоа да објават фалсификувана лиценца, Наместо министерот за внатрешни работи, да ја преземе одговорноста што дозволил да работи кабарето, тој се обиде на бесрамен начин да ја префрли работата на етничка и партиска димензија“, рече Адеми.

— реклама —

Прес-конференцијата, Адеми ја правеше пред полициската станица во Карпош, каде на распит е Бектеши.

— реклама —

Детали за Бектеши:

bektesi

Ексминистерот Крешник Бектеши на распит во станица: како е издадена фалсификуваната лиценца на дискотеката каде загинаа 59 лица?

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, е на распит во полициска станица, откако истрагата утврди дека дискотеката во која изгореа 59 лица, имала фалсификувана лиценца за кабаре.Лиценцата излегла од министерството со оригинален печат, како што кажа премиерот Христијан Мицкоски, а документот добил и архивски број. Но, во книгата каде се забележува што претставува документот под тој број, стоело комуникацијата со странски инвеститор“.Бектеши како прв човек на Министерството, ќе треба да објасни како овој документ добил печат и потпис. Освен него, во станица е задржана и Размена Чекиќ Дуровиќ, државна секретарка во министерството, која потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.Лиценцата е издадена во март минатата година, пред изборите, кога Бектеши се уште раководеше со овој ресор.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања