Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Правник алармира: МВР праќа опомени со туѓи лични податоци – ризик по безбедноста на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Арбен Мемети, правник во „Цукиќ-Марков“ алармираше за пропуст во функционирањето на Системот „Безбеден град“. До него, како што вели, се јавиле повеќе граѓани кои добиле СМС пораки и електронски опомени за сообраќајни прекршоци – но со туѓи лични податоци.

— реклама —

Во пораките што ги примиле граѓаните биле наведени целосни податоци на сосема други лица: име и презиме, единствен матичен број, број на лична карта и детали за возилото. Според Мемети, тоа претставува директно прекршување на Законот за заштита на личните податоци.

— реклама —

„Ова не е само техничка грешка, туку системски ризик кој ја загрозува приватноста и безбедноста на граѓаните. МВР со ваквата неажурност ги прекршува законските обврски и ја поткопува довербата во системот,“ предупредува адвокатот.

— реклама —

Мемети потсетува дека грешките во испраќањето на опомените отвораат сериозни прашања:
– како ќе се гарантира дека казните ќе стигнат до вистинскиот сторител?
– дали граѓаните ќе се соочат со неоправдани правни последици за прекршоци што не ги сториле?

Според него, јавноста со право чувствува недоверба ако системот веќе испраќа чувствителни податоци на погрешни адреси.

„Ако денес стигнуваат туѓи податоци, како да веруваме дека утре нема да стигнат и туѓи казни?“, прашува Мемети.

Дополнителен проблем е тоа што МВР нема прецизен механизам за собирање и ажурирање на телефонски броеви и електронски адреси. Често, при регистрација на возило, службениците воопшто не ги бараат овие информации, што доведува до погрешно доставување опомени и создавање дополнителни забуни.

Адвокатот бара:
итна проверка на системот за испраќање опомени,
утврдување на причините за пропустите,
корекција на неажурните и погрешни бази на податоци,
воспоставување безбедни процедури за обработка на лични податоци, согласно законот.

„Граѓаните имаат право на точни, сигурни и безбедни информации. МВР има обврска тоа да го гарантира – без компромиси,“ порача Мемети.

media-libraryb6hbik67jpbv2ImmyVZ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 55 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања