Според повеќе медиуми во денешната акција на органите на прогонот се уапсени поранешна вработена во Управа за јавни приходи, сопственик на бензински пумпи, сопруга на познат доктор, како и вработен во УЈП поврзан со политичката партија ЗНАМ. Акцијата, според истите извори, продолжува и во текот на вечерта, а дел од приведените веќе се спроведени во полициската станица Пролет.
Вечерва детали за акцијата соопшти и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, информирајќи дека под раководство на јавен обвинител од ова обвинителство, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, од попладневните часови вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведуваат од Обвинителството, акцијата се спроведува во Управа за јавни приходи и во други институции, а насочена е кон лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Во рамки на постапката се преземаат повеќе истражни дејствија, се вршат претреси и се обезбедуваат осомничени лица.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција најавуваат дека акциите ќе продолжат и понатаму, додека по завршување на истражните активности ќе биде соопштено повеќе информации за обемот на предметот, бројот на осомничените и евентуалните кривични пријави. Надлежните институции уверуваат дека постапката се води со целосна примена на законските овластувања и во интерес на заштита на јавните финансии и правниот поредок.
Акција за организиран криминал и корупција: приведени вработени во УЈП и бизнисмени
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 3 месеци -
Скопје
Поврзани содржини
Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување
Македонија | пред 19 часа
УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади
Македонија | пред 2 дена
УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска
Македонија | пред 1 седмица
УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат
Македонија | пред 1 седмица