Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Албанија ги зајакнува своите воени сили, предлог-закон за 2.100 резервисти да се приклучат на армијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
albanija-111

Поради кревката глобална ситуација, во албанската армија ќе се приклучат дури 2.100 резервисти. Законската иницијатива, на предлог на Министерството за одбрана на Албанија, доби „зелено светло“ во Комисијата за економија и финансии на албанското собрание, но во отсуство на претставници на Демократската партија, пренесува Телеграфи.

— реклама —

„Почетните трошоци за 2025 година се предвидени за активирање на компанија со 125 лица и се проценуваат дека ќе достигнат 155,7 милиони леки, што се вклопува во буџетскиот план за следната година“, рече министерот за одбрана Пиро Венгу, пишува А2 Си-Ен-Ен.

— реклама —

Како поддршка на предлог-законот, поранешната министерка за одбрана Мими Кодели и претседателот на Движењето за национален развој Дашамир Шехи не го криеја своето незадоволство од сумата што се очекува да биде потрошена за резервистите.

— реклама —

„Од скромна пресметка, излегува дека за секој резервист ќе се потрошат 105.000 леи. Целта, всушност, е намалување на трошоците“, рече Кодели.

Освен трошоците, социјалистот Вулнет Синаи е загрижен и како ќе бидат повикани резервистите, доколку се покаже дека некаде се вработени.

„Можеби ни треба закон кој ги принудува приватните компании да даваат дозвола кога резервистите треба да служат“, рече Синај.

За да оди во резервната служба и истовремено да биде платено, основен услов е лицето да е албански државјанин и да не е законски осуден на затворска казна. Во зависност од возраста, резервистот ќе биде унапреден во војник, подофицер или офицер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye98lnrsdt2fgfjEZoyd

(Видео) Влора, Радхима и Орикум во трансформација - Албанија се справува со дивоградби на плажи

Свет | пред 2 дена

media-library3i5fel1c8ojo9I5zJMO

(Фото) Позирале со симболи на „Голема Албанија“ и ја навредувале Србија па се објавиле на Фејсбук: Уапсени четворица Албанци во Србија

Свет | пред 5 дена

media-librarynn3kh5mi6kcpfbTQfGi

Ескалација на протестите во Албанија, опозицијата бара оставка од Рама

Свет | пред 1 седмица

media-libraryupkrqg75ktkpfn5WQuQ

Сиљановска: Очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања