Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Алиу: Трагедијата во Кочани нè научи дека системот мора да биде уште поподготвен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryvekom2a4nnal469ZoEN

Министерот за здравство Азир Алиу на конференција за пожарот во Кочани истакна дека здравствениот систем поминал низ интервенција, лекување, рехабилитација и потреба од системски подобрувања. Им се заблагодари на над 400 здравствени работници за пожртвуваноста и професионализмот. Посочи дека 115 тешко повредени биле испратени на лекување во европски установи, овозможено со силна меѓуинституционална координација. Нагласи и психолошка поддршка, како и потреба од јакнење тимови за изгореници, масовни несреќи и долгорочна рехабилитација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу, во воведното обраќање на Меѓународната конференција „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“ се осврна на искуствата на здравствениот систем по трагедијата, од првичната интервенција и спасувањето на повредените, до третманот, рехабилитацијата и потребата од системски подобрувања.

— реклама —

Тој упати благодарност до повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи во државата, кои, како што нагласи, во тие денови работеле со исклучителна пожртвуваност и професионализам.

— реклама —

„Вашата професионалност, солидарност и хуманост ќе останат длабоко запаметени. Во моменти кога секоја минута значеше надеж, вие бевте вистински партнери во борбата за секој човечки живот“, истакна Алиу.

— реклама —

Министерот потсети дека голем број тешко повредени пациенти биле транспортирани на лекување во странство, при што 115 пациенти биле испратени во здравствени установи низ Европа.

Според него, ова било овозможено благодарение на координираната работа на главниот кризен штаб, како и на кризните штабови во Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи, со што бил воспоставен висок степен на меѓуинституционална координација.

Алиу нагласи дека последиците од трагедијата не се само физички, туку и психолошки, па затоа психолошката и психосоцијалната поддршка била третирана како составен дел од здравствениот одговор.

Тој посочи дека искуството од Кочани ја покажало потребата од дополнително јакнење на капацитетите на медицинските тимови, особено за третман на тешки изгореници, масовни несреќи и долготрајна рехабилитација.

„Нашата најголема обврска кон жртвите и повредените е да продолжиме да градиме систем што ќе штити, ќе реагира навреме и ќе обезбедува највисоко ниво на грижа за секој граѓанин“, порача министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Македонија | пред 3 дена

operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Македонија | пред 3 дена

media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-library1u3ki3hab4lc2LrThRc

Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања